Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Експлозија на трафостаница на АД ЕСМ во Автокоманда

(ВИДЕО) Експлозија на трафостаница на АД ЕСМ во Автокоманда

Трафостаницата на АД ЕСМ експлодира поради паднато дрво во Автокоманда во близина на индустрискиот комплекс.

Од претпријатието известуваат дека инцидентот се случил околу полноќ на 110 киловолтна станица во кругот на некогашната фабрика Железара по што без струја останала дел од околината.

Пред експлозијата следувале неколку бучни искрења околу трафостаницата кои биле
предизвикани од паднато дрво, кое предизвикало спој во трафостаница.

Екипи на ЕВН работат на теренот на отстранување на дефектот, а повик за интервенција бил примен и во Територијалната противпожарна бригада на Скопје, од каде било испратено возило, но немало потреба од интервенција.

Во инцидентот нема повредени, а компаниите кои работат во овој дел од градот превентивно ги исклучиле своите електрични капацитети.


Слично

Поврзани вести