Видео: EHF со почит за расплаканите Вардарки кои се збогуваа со Скопје
Европската ракометна федерација им покажа голема почит на ракометарките на ЖРК Вардар кои во Скопје го одиграа својот последен натпревар пред домашната публика за потоа настапите да ги продолжат на Final 4 турнирот во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Ова беше особено емотивен натпревар за ракометните ѕвезди на ЖРК Вардар кои по промената на политиката на сопственикот Сергеј Самсоненко повеќе нема да настапуваа за прославениот скопски клуб од наредната сезона и повеќето од нив ќе направат трансфери.
Вардарки расплакани се збогуваа со верната скопска публика и со надеж дека сезоната ќе ја завршат како европски шампиони, подвиг кој лани им успеа на машките ракометари на Вардар.
Во својот последен настап пред домашна публика сезонава во меч од лигата на шампионите Вардар не само што го декласираше Митјиланд со 32-25 (17-12) и се пласираше на Ф4 турнирот во Будимпешта туку уште еднаш ја покажа силата и мотивацијата конечно да стигне до европската титула.
