(ВИДЕО) Едно лице е повредено во пожар под скопското Кале
Едно лице е повредено во пожар кој попладнево избувна под скопското Кале каде горела сува трева, смет и паркирани автомобили, соопшти полицијата.
Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информираа дека во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, спроти Градскиот стадион опожарени се пет возила, од кои три се делумно, а две целосно изгорени. Огнот бил гаснет со интервенција на три противпожарни возила и осум пожарникари.
Со брза интервенција на екипите, пожарот е локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот.
фото принтскрин
Слично
