Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „ЕДНИ ОД НАЈМИРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ“: Тошковски вели дека имало 30 пријави за време на гласањето

(ВИДЕО) „ЕДНИ ОД НАЈМИРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ“: Тошковски вели дека имало 30 пријави за време на гласањето

Изборниот ден помина во исклучително фер и демократска атмосфера, вели 

„Изборниот процес се одвиваше без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани што би го довеле во прашање интегритетот на изборите. Ова е уште една потврда дека граѓаните, институциите и МВР покажаа зрелост и одговорност што придонесе Македонија да има едни од најмирните избори во последните години“, рече Тошковски. 

Во текот на денот, биле пријавени 30 настани, од кои најмногу во Скопје. 

„Најчестите пријави се однесуваа на агитирање во близина на гласачки места - седум настани. Можен поткуп при избори - пет настани. Неовластено присуство на гласачко место - четири пријави. Забележани се и изолирани случаи на попречување на гласање, фотографирање на гласачко ливче, неовластено фотографирање на граѓани, како и закани. Во 19 од 26 пријави, наводите не се потврдени. Во други случаи беа изготвени записници или преземени мерки. За 4 настани за поткуп, неовластено фотографирање, агитирање и недолично однесување на гласачко место, МВР постапува“, вели Тошковски.

Вели дека полицијата реагирала навремено, но и дека денот поминал, мирно, без посериозни инциденти. 


Слично

Поврзани вести