Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еди Рама бојадисуван пред Талат Џафери

(ВИДЕО) Еди Рама бојадисуван пред Талат Џафери

На денешната седница при гласањето за прием на Македонија во НАТО во албанскиот парламент се обрати и албанскиот премиер Еди Рама, кој високо ги оцени односите меѓу двете земји и ја нагласи подршката на Тирана за Скопје.

- Не можам да го сокријам задоволство што овој момент се совпаѓа со златен момент во меѓуетничките односи во земјата,во што владејачко мнозинство игра важна улога. Без Албанците не би постоела Северна Македонија, а за Албанија територијалниот идентитет на Северна Македонија не само што е неприкосновен, туку е од витално значење и за нашата сегашност и за нашата иднина, мирот и стабилноста. Нашата улога во овој историски процес беше поддршката. Мирната ситуација е првенствено заслуга на албанските политички лидери таму и премиерот визионер Зоран Заев, кого го поздравувам, рече меѓу другото Рама.

Сепак, седнцата ја засени инцидентот, кога пратеникот од пратеничката група на опозициската Демократска партија Еди Палока, воедно и потпретседател на партјата, истури боја врз премиерот Еди Рама, по што беше отстранет од собраниската сала.

Инцидентот следуваше откако премиерот Рама му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата” отколку за Протоколот за членство во НАТО, велејќи му „дете, не знае што прави и што зборува” дека не е момент ни поради трагедијата во Македонија, ни поради знаењето на точката на дневен ред. Рама му се извини и на Талат Џафери кој присуствува на седницата.


Слично

Поврзани вести