(ВИДЕО) Еден осомничен за изрешетаниот голф во Тетово изведен пред суд
Еден од осомничените за убиството во Тетово е изведен пред суд, а тоа го снимија и телевизиски камери.
Пред три дена беше известено дека се осомничени три лица за вооружена престрелка во Тетово, откако беше изрешетан „голф“ со автоматска пушка, а лицето што беше внатре во возилото беше убиено.
Двајца малолетници се меѓу четворицата уапсени за убиството кое се случи Тетово, а при кое има уште тројца повредени. Од МВР псоочуваат дека тие се на возраст од 15 и 17 години. Попладнево, тие се изведени и пред судија на претходна постапка при тетовскиот суд.
„При претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско пронајдени се предмети кои се од интерес на истрагата. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката“, извести тогаш МВР.
Според првичните информации убиецот користел автоматска пушка. Покрај убиениот, куршумите погодиле и случаен минувач, помладо женско лице кое е префрлено во болница.
Најверојатно станува збор за убиство поврзано одмазда и нерасчистени односи. Полицијата засега не дава повеќе детали поради тековниот увид.
