(ВИДЕО) Еден од напаѓачите во Собранието носи пиштол?
Се појави ново видео на социјалната мрежа Фејсбук од крвавиот четврток во Собранието.
На него се гледа како еден од демонстрантите кои влегоа во Парламентот, во раката, ставена зад грб, наводно држи оружје.
Од објавената снимка не може јасно да се види дали станува збор за нож, пиштол или пак, држи сосема нешто друго во раката.
Дел од пратениците и новинарите раскажуваа дека дел од насилниците кои влегоа во Собранието со себе имале пиштоли.
Од упадот во Собранието досега имаше повеќе видеа кои се ширеа на социјалните мрежи.
Слично
