(ВИДЕО): „ЏАБЕ ИМ Е“: Мециновиќ вели дека само Левица нема рекламен простор, повика граѓаните да се вклучат
Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ повика на мобилизираност откако партијата остана без рекламирање на медиумите.
„Режимот, системот, олигархијата, како сакате, забрани само на Левица да се рекламира на медиумите. Имаме порака до нив: „Џабе ви е“. Имаме порака до вас: „вклучете се, бидејќи потребни сме си едни на други повеќе од било кога“. На нивна страна се моќта, парите и репресивниот апарат. На наша страна се бројките. И што повеќе им задираме во криминалното владеење, тоа поочигледен ќе биде нивниот авторитарен одговор, ама џабе им е“, рече Мециновиќ.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев пак, се пофали дека во неговата партија деновиве имало рекорден број пристапници за нови членови.
„Левица со рекорден пристапници после „Обзнаната“ на предизборната цензура врз нас“, напиша Апасиев.
Партијата поднесе низа претставки до институциите, меѓу кои и Уставниот суд, а најавија и борба во Стразбур, затоа што иако се парламентарна партија, нема да добијат средства за рекламирање.
