(ВИДЕО) Две возила во оган пред познат охридски хотел: Кој ги пламна автомобилите?
Две возила изгореа откако вчера вечерта некој ги опожарил пред познат хотел во Охрид.
Настанот се случил за време на полицискиот час, а на видеото кое го објави Њуз 1, се гледа голем оган од двете возила на паркингот. Набрзо доаѓа и возило на Противпожарната единица.
Според информациите, на местото на пожарот веднаш увид извршиле СВР Охрид.
Како што пишува порталот, во инцидентот нема повредени, а причинета е материјална штета.
Слично
