Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДУРАКИ ПАДНА, а дали ќе падне и од Владата на Заев?

(ВИДЕО) ДУРАКИ ПАДНА, а дали ќе падне и од Владата на Заев?

Садула Дураки е министерот кој со една изјава си навлече бес кај граѓаните .

Тој во моментов седи во фотелјата во Министерството за животна средина и просторно планирање и зема плата од над 72 000 денари. Неодамна се избрука со изјавата дека граѓаните не го интересираат, а после ден два падна шетајќи со делегација во скопската чаршија.

Дураки е и министерот кој досега нема одржано ниту една прес конференција за проблемот кој ги убива Македонците со години - загадувањето, а тој веднаш поита да каже дека е лошо сфатен и дека медиумите лошо ја пренеле неговата порака.

Јавноста речиси и да не е запознаена со овој министер а негов заменик е Јани Макрадули кој речиси ги води сите прес конференции.

Оттука многумина и го поставија прашањето дали Дураки ќе падне од Владата на премиерот Заев но засега според зборовите на премиерот нема иницијатива за реконструкција на Владата.

Од ДУИ сè уште не го информирале за евентуално повлекување на министерот за економија Крешник Бектеши и на вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, Хазби Лика. Сепак, Заев не крие дека не е задоволен од Лика и рече дека би било добро ако сите си доаѓаат на своите работни места.

Слично

Поврзани вести