(ВИДЕО) Драмски театар плива во вода-надлежните од култура заборавиле дека треба да се санира кровот
Прокисна Драмскиот театар во Скопје откако вчера главниот град беше мета на повеќечасовни дождови .
Токму директорот на театарот Сашо Тасевски јави за поплавата а како доказ објави и видео.
Можеше да се забележи дека кровот тече и вода навлегува во театарот а на шега Тасевски напиша дека во женскиот тоалет се играло лебедово езеро.
Сепак, претставата „Секс, дрога и рокенрол“ како што вели Тасевски била одиграна а публиката презадоволна.
Ова не е прв пат од дождот да биде поплавен овој театар . Пред само три месеци истиот театар претрпе сериозни штети.
„Во Драмскиот театар уште денес ќе се преземат мерки за санација на состојбата и за локално санирање на кровот, а во координација со министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе се спроведе ургентна постапка и ќе се алоцираат средства кровот да се санира и да се создадат елементарни услови за работа на Драмскиот театар. „Владата на Република и Министерството за култура воопшто не се откажуваат од идејата за изградба на нов објект за овој театар, но ќе инсистираат на подомаќинско и порационално решение“ соопштија уште тогаш од Министерството за култура, но според ова ново прокиснување најверојатно надлежните заборавиле што ветиле а драмски не е единствен театар кој страда кога ќе заврне посилен дожд.
