Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО КАЈ ЈАСЕН: Огнот е запрен кај објектите

(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО КАЈ ЈАСЕН: Огнот е запрен кај објектите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека попладнево огнот се заканил на објектите на ЈП Јасен, но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно биле поставени во полукружна одбрана, огнот бил сопрен во близина на самите објекти. Состојбата ја опиша како драматична. 

„Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек“, рече Ангелов. 

Се заблагодари припадниците на специјалните единици на армијата и полицијата, волци, ренџери и ЕБР како и до пожарникарите од скопската бригада за противпожарна заштита и вработените во ЈП Јасен како и Национални Шуми. Благодарност упати и до Илија Бојаровски – задолжен за односи со јавноста, за кој Ангелов рече дека се наголтал прашина и чад снимајки пеколни сцени, за пожртвуваната борба против пожарите кои беснееја низ државата.

Пожари има во регионот и во Европа. 


Слично

Поврзани вести