(ВИДЕО) Димитров бара чаре за камионџиите „заглавени“ на италијанско - словенечката граница
Се прават напори за обезбедување храна и вода на заглавените македонски превозници на италијанско-словенечката граница.
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров денес разговарал со министерот за надворешни работи на Република Словенија, Анже Логар.
Димитров му го претстави проблемот со кој се соочуваат македонските превозници поради застојот на италијанско-словенечката граница и потребата за што побрзо негово решавање.
Двајцата министри се договорија дека ќе вложат максимални напори за да се направи се’ што е во надлежност на министерствата за надворешни работи од регионот, како би се забрзал транспортот.
Македонската амбасада во Словенија прави напори да се обезбедат македонските превозници со вода и храна.
Професионални возачи на 31 камион од Македонија се заглавени на италијанско-словенечката граница. Тие тврдеа дека нивните колеги од регионот ја поминуваат границата бидејќи нивните држави испраќаат допис до Словенија.
