(ВИДЕО) Девојки во Куманово тепаат друго девојче, случајот е пријавен во полиција
Случај на врсничко насилство е регистриран во Куманово. Се појави и снимка од тепањето.
На снимката се гледа како три девојки тепаат едно девојче, влечејќи го за коса, удирајќи го со шлаканици и клоци, а во еден момент го фрлаат во ѕид.
Според достапните информации, инцидентот се случил пред околу еден месец, а видеото првично е објавено на „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Жртвата вчера го пријавила случајот во полициската станица Куманово, а денеска била на разговор.
Претходно, случаи на врсничко насилство имаше во Ѓорче Петров и во Аеродром.фото принтскрин
Видеото можете да го видите тука.
Слично
