(ВИДЕО) Девојка се онесвести на протестот за Кочани
Девојка се онесвести по говорот пред Кривичниот суд на денешниот Марш за ангелите во Скопје, на кој имаше масовен одзив за поддршка и за испорака на правда по трагедијата во Кочани.
„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Со ваков транспарент и слики од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ родителите од Кочани денеска го предводат протестниот „Марш за ангелите“во Скопје. „Сенките“ се бројот на жртвите за кои, четири дена пред почетокот на судењето за случајот, родителите бараат правда.
„Ние родителите скапо го плативме данокот на корупцијата“, „Колку детски животи треба да згаснат за вие да се разбудите?!“, „Кој ќе ни ги врати другарите?“, „Тишината е соучество“, „Профит во крв“, „Крени го гласот пред да е касно“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“ -се само дел од преостанатите транспаренти со кои маршираат учесниците.
