(ВИДЕО) Девојчиња претепуваат соученичка во Неготино - инспектори во училиштето
Во ООУ „Гоце Делчев“ во Неготино е снимено видео на кое се гледа како девојчиња буквално претепуваат девојче, пред други ученици, кои ја набљудуваат ситуацијата.
Просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца. Директорот Петар Мантев рече за МИА дека го погледнал видеото од вчера и оти се преземени сите мерки. „Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица“- нагласи Мантев. Директорот откри дека децата што тепаат биле всушност проблематични и за нив и претходно имало изречени мерки.
