Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Демонстрантите за трагедијата во Тетово со лисици доведени на судење

(ВИДЕО) Демонстрантите за трагедијата во Тетово со лисици доведени на судење

Фото: ТВ21

Во Судот во Тетово започна рочиштето за 5 -те обвинети демонстранти за трагедијата од на 8 септември во Тетово кога изгореа 14 пациенти во модуларната ковид-болница.

Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити седнаа на обвинителско столче се товарат за сторено кривично дело „напад врз службено лице“.

На седницата што ја водеше судијата Садула Изаири, беа присутни и петте повредени полицајци кои дежураа на денот на протестот.

Демонстрантите се собраа на улиците во Тетово за да изразат незадоволство од трагедијата што го зафати овој град вечерта на 8 септември, каде што пожарот ја запали модуларната болница и како резултат на тоа 14 лица загинаа, а 12 пациенти беа повредени.

Во судирите минатиот месец со полицијата дел од демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на ДУИ, а претходно фрлаа со јајца по општинската зграда.


Слично

Поврзани вести