(ВИДЕО) Демонстрант му упадна во живо на бугарски новинар и порача дека Македонија никогаш нема да биде бугарска
Се појави видео кое покажува како демонстрант во Скопје му упаѓа на бугарски новинар при јавување во живо, и му порачува дека Македонија е на Македонците, и нема да биде бугарска.
Тој ги набројува македонските револуционери, и вели дека тие се Македонци. Новинарот смирено само потврдува со главата додека демонстрантот зборува. Демонстрантот вели дека Македонија ќе ја бранат до смрт. Претходно, имаше и видео на кое младо момче му упаѓа на бугарски новинар во кадар и го коригира дека не сме Северномакедонци, туку само Македонци.
фото принтскрин
Слично
