(ВИДЕО) Демолиран вториот угостителски објект на газдата на дискотеката „Пулс“
Локалната штипска телевизија ТВ Стар објави видео од денешниот протест во Кочани на кое се гледа како револтирани граѓани му го демолираат вториот угостителски објект на сопственикот на „Пулс“, дивата дискотека која изгоре и одзеде 59 животи.
Според медиумот, станува збор за кафе барот „Класик“. Инаку претходно се протестираше и пред општината, каде се извикуваше „Убијци!“ и „Секој еден, може да е следен!“.
Слично
