(ВИДЕО) Делчево остана без струха и со поплавени куќи по вчерашното невреме
По силното невреме со обилни врнежи од дожд и ветер што го зафати Делчево, од синоќа по 19 часот, градот остана без струја, како и со многу пријавени штети кои санираа до доцна во ноќта.
Од станбена зграда на кејот на реката Брегалница, во центарот на Делчево на улицата одлета лимен покрив, при што за среќа, немаше повредени луѓе. На терен излегоа пожарникарите, кои го санираа делот од покривот, кој остана на зградата.
Поради скинат далновод под Турски гробишта, градот остана без струја. Граѓаните јавија и за падната бандера. Улиците беа под вода, додека граѓаните од повеќе делови од градот јавија за откриени покриви и поплавени куќи.
Засега се зборува за големи материјални штети, кои деновиве ќе се евидентираат.
Слично
