(ВИДЕО) Деца со оштетен слух се дружеа со ѕвездите на Реал Мадрид
УЕФА им овозможи на 19 дечиња со оштетен слух од уличиштето „Партение Зографски" да се дружат со ѕвездите на Реал Мадрид и да го учат Кристијано Роналдо знаковен јазик.
Фондацијата на УЕФА за деца и оваа година на Суперкупот ќе има активно учество на церемонијата со која ќе се отвори пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на „Филип Втори“.
Дечиња со оштетен слух ќе настапат и на знаковен јазик ќе ја испеат пезната „Скај фул оф Старс“ на „Колдплеј“.
Европската куќа на фудбалот исто така им овозможи и дружба со членовите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Слично
