Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео дебата Клик Плус: Дали предлог Буџетот ќе донесе економски раст?

Видео дебата Клик Плус: Дали предлог Буџетот ќе донесе економски раст?

Вчерашната дебата на Клик Плус на ТВ 21 ја разви дебатата кога конечно ќе и тргне на македонската економија и дали во тој правец оди носењето на буџетот за следната година кој досега се карактеризира со две важни компоненти, зголемена акциза за дизел горива и помал дефицит во однос на БДП. 

Професорот Ванчо Узунов кој е и советник во владата за финансии посочи дека 

на владите досега полесно им било да се задолжуваат, отколку да се покачуваат домашни давачки. Затоа според него Груевски 11 години водел штетни популистички политики за да не ги доживее критиките на јавноста како што сега има загриженост за зголемувањето на акцизата на дизел горивата за пополнување на буџетот. Узунов верува дека Македонија годината нема да ја заврши во рецесија, но и растот нема да надмине 1%.

Јакимоска посочи дека не смee да ни се случи уште еден „ФЕНИ“ затоа што економските последици ќе бидат големи. Затоа вели дека сите економски актери вклучително и работодавците треба да создаваат дополнителна вредност и да се даде време за развој на економијата.

Битиќи во вчерашната дебата на ClickPlus посочи дека овој буџет е затворање на едни, а отворање на други дупки.

Јовевски говореше дека бројката за невработеноста во Македонија која е според официјалните статистики не одговара на реалната. Според него, а и повеќе стопанственици реалната невработеност изнесува до 15% и затоа е потребно подобро да се менаџира сивата економија да се трансформира во легална бидејќи располагаме со добри природни ресурси.

Во продолжение погледнете го целосното издание на Клик Плус за развојот на економијата.

Слично

Поврзани вести