(ВИДЕО) Дац и Александар Митевски имаат порака за Борисов, тој брзо врати
Македонско дуо му испрати порака на бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
Актерот Драган Спасов – Дац и Александар Митевски со преработка на бугарска песна, која ја направиле летово, денеска испратија порака преку Фејсбук до премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
„Господине Борисов, Ви пишувам на мојот јазик затоа што знам дека добро се разбираме и за нашите два јазика немаме потреба од преведувач. Кај нас првиот комшија е како роднина. Кај него одиш да побараш помош во секое време, а и тој го прави истото кога ќе му затреба нешто. Дали ти требало шеќер, брашно, леб, клешта, помош да се пренесе нешто … тука е првиот комшија. Ако не си во добри односи со првиот комшија, ќе треба за едно штрафче да одиш спрат подолу или погоре, но тој не ти е прв комшија, затоа што веќе си има свој прв комшија“, пишува Дац.
Борисов, пак, им врати дека како соседи важно е да бидеме искрени едни кон други и дека решението за тоа е дијалогот.
Тој ја следи работата на ова македонско дуо. Во април годинава објави видео како се вози и ја слуша нивната преработка „Корона чао“.