Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Да не се повтори: За среќа плафонот на студентите во „Стив Наумов“ не им падна врз глава

(ВИДЕО) Да не се повтори: За среќа плафонот на студентите во „Стив Наумов“ не им падна врз глава

Често се жалат дека немаат топла вода за капење, а храната е повеќе од мизерна. Многупати јавноста беше сведок на бубачки во јадењето кое им се сервира на идните македонски граѓани кои престојуваат во студентскиот дом Свети Наум, а пред два дена токму таму беше избегната вистинска катастрофа.

Плафон во една од двете машки згради се сруши во тоалет додека студентите спиеја.

Ова, велат студентите не е прв таков случај.

Во моментот кога плафонот паднал во соседната соба биле тројца студенти а дека нешто не е во ред им јавиле соседите кај кои почнало да прокиснува од водата.

-Гипс, трска и вода не може да издржат поради кондензацијата и по три години - паѓаат. Сите тоа го знаат, а никој не презема чекори за да се спречи на време-вели студент.

Проблемот пак, надлежните го лоцираат во претходната влада која работите ги правела без комплетна изолација.

Директорот на Студентски центар Дарио Николовски ги убедува студентите дека нема да се повтори ваков случај и дека тие може мирно да спијат.

Од друга страна, студентите велат се е во раце на Господ ако повторно падне плафон.


Слично

Поврзани вести