(ВИДЕО) ЦУК: Вкупно 35 пожари на отворен простор имаше во текот на денешниот ден до 19 часот, од кои 13 се изгаснати
Како што објави Центарот за управување со кризи(ЦУК), активни се 17 пожари, а пет се ставени под контрола.
ЦУК информира дека под контрола се ставени пожарите во општина Македонски Брод, кај село Грешница, во Демир Хисар, на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, во Делчево, кај депонијата.
Под контрола се ставени два пожара во општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше и на планина Мукос кон село Дреновци, Општина Прилеп.
Изгаснати се 13 пожари, од кои два во Пробиштип, потоа во општините Битола, Чешиново – Облешево, Пехчево, кај Негрево, во Ресен, кај селата Болно – Илино, во Кавадарци, кај Ваташа, месност викана Фуштани, во Куманово, кај локалитет Менкова Колиба. Изгаснати пожари има и во Старо Нагоричане, кај село Младо Нагоричане, општина Желино, кај село Чифлик, во општина Гостивар, кај селата Балиндол и Неготино во радовишкото село Подареш, каде гореше депонија.
