Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, сè уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи вечерва.

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.

„Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, велат од ЦУК. 

За утре е планирано акциите да почнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР.

„Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите“, посочуваат од ЦУК.

Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба. 


Слично

Поврзани вести