(ВИДЕО) ЦУК: Пожарот во Струмица е ставен под контрола
Ставен е под контрола пожарот во Струмичко.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот во Струмичко е ставен под контрола.
„Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици“, вели Ангелов.
Пожарот избувна поради запалено стрниште. Пожарникарите од Радовиш, Валандово и Гевгелија помогнаа за гаснење на огнот.
Слично
