Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЦУК: Поплавени се простории и дворови, а има и свлечишта во источниот регион

(ВИДЕО) ЦУК: Поплавени се простории и дворови, а има и свлечишта во источниот регион

Во источниот дел на Македонија има излевања на реките. 

„Обилните врнежи од дожд кои во последните денови го зафатија источниот регион утрово предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во Општина Чешиново-Облешево, вклучително и во селата Чешиново, Облешево и Чифлик“, соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Али вели дека според информациите од општината, локалната самоуправа со сите расположливи ресурси активно интервенира на терен. Во интервенциите учествуваат и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК Кочани, а побарале и дополнителна материјално-техничка поддршка, особено за испумпување вода од поплавените објекти.

Поради обилните врнежи, Брегалница и Кочанска река се со значително зголемен водостој, а на одредени локации во општините Штип и Чешиново-Облешево е забележано нивно излевање од коритата. Граѓаните да ги следат препораките на локалните власти. 

Телевизијата Стар објави видеа кои покажуваат каква е состојбата  на терен. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести