(ВИДЕО) Црн чад над Кисела Вода, пожарникарите гаснат пожар на Јужен булевар
Пожар избувна во магацински или друг деловен простор на Јужен булевар, во скопската општина Кисела Вода.
Од запалениот објект се издигнува густ црн чад, кој се гледа од поголема оддалеченост. Според првичните информации од терен, од внатрешноста се слушале пукотници, најверојатно предизвикани од електрична енергија или оштетени инсталации.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се на терен и веќе работат на гаснење на пожарот.
Засега нема официјални информации за причината за пожарот, ниту дали има повредени лица. Повеќе детали се очекуваат по интервенцијата на надлежните служби.
Слично
