(ВИДЕО) ЦИКЛОНОТ „ФАНИ“ УРИВА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Паѓале кранови, а ветерот корнел прозорци и врати
Индија е погодена од најстрашниот тропски циклон во последните 20 години.
Најмалку 12 луѓе загинале а повеќе од 30 се повредени при налетот на циклонот Фани а најмногу настрадале при уривање на дрвјата од бурата.
Циклонот ја погодил провинцијата Одиша на источниот брег на Индија, како бура од петта категорија, а со себе донел и обилни врнежи и ветер со јачина од 205 км/ч.
Кога дошол до копно, циклонот се свртел кон североисток и почнал да слабее, но сепак успеал да поплави бројни села на границата со Бангладеш.
Снимките покажуваат како циклонот носи се со себе, и зад себе остава пустош. Ветерот уривал кранови и корнел прозорци и врати на станбени згради.
Околу 1,2 милиони жители на Бангладеш се префрлени во околу 4000 засолништа, а аеродромот Бубаншевар претрпел значајни оштетувања,но и понатаму е отворен.
Сезоната на циклони во Бенгалскиот залив трае од април до декември.
Фото: АП
