Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

На денешната седница на Општината Чучер Сандево е донесена одлука да се прогласи вонредна состојба во општината поради пожарите.

Како што изјави градоначалникот Сашко Комненовиќ ситуацијата е загрижувачка и опасна поради пожарот кој избувна помеѓу селата Блаце и Чучер Сандево, па до селото Кучевиште.

„Пожарот зафати густа нискостеблеста и мешана шума, на многу непристапен терен, а силниот ветер дополнително го отежна неговото гасење. Она што ме загрижува и што сакам да го алармирам е тоа дека забележувам спора реакција од надлежните институции во однос на гаснењето на пожарот. Во вакви моменти секоја минута е важна и пресудна”, рече тој.

Градоначалникот истакна дека не сака да критикува, но истакна дека вчера владата се пофали со новите хермелини за кои како што кажаа се подготвени за гасење на пожарите па праша зошто истите не се ставаат во функција при овој пожар, односно кажа дека видел само еден таков хермелин. Рече дека реакцијата е бавна, а секоја минута во вакви ситуации е важна. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести