Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Човек се самозапали во Кочани

(ВИДЕО) Човек се самозапали во Кочани

Маж на 40-годишна возраст се самозапали во Трговскиот центар во Кочани. Лицето се полеало со бензин и потоа се запалил со запалка. Сведоци на настанот тврдат дека претходно пиел кафе.

Минувачите употревувале противпожарни апарати од соседните дуќани за да го изгаснат.

Лицето е однесено во Општата болница во Кочани, а интервенирале служните на Брза помош и Пожарната единица.

- Увидот е во тек. Лицето е пренесено на лекување во болница во Скопје, потврдија од СВР Штип.

Од Болницата тврдат дека повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје.


Слично

Поврзани вести