Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЧЕСТИТКА ОД МИЦКОСКИ: Да имате добар стандард, стабилност, напредок, тоа ќе го остварам

(ВИДЕО) ЧЕСТИТКА ОД МИЦКОСКИ: Да имате добар стандард, стабилност, напредок, тоа ќе го остварам

На граѓаните Новата година им ја честита и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Годината што следи ќе донесе промени на подобро“ – вели Мицкоски.

 Посакува и ветува – стандард, стабилност, напредок, правда.

„Желбите да станат стварност треба да се бориме, но  и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата. Верувам дека вие и вашите деца треба да сте среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ“, додава Мицкоски.

За него годината што изминува е година на неправди, лаги и корупција, а во следната очекува промени кон подобро, економски бум и влегување на Европа во Македонија во, како што вели, во вистинска смисла на зборот. 


Слично

Поврзани вести