(ВИДЕО) ЧЕКААТ ВО РЕД: Граѓаните на Кочани палат свеќи за загинатите во пожарот
Граѓаните се собраа во Паркот на револуцијата во Кочани за да запалат свеќи за загинатите во пожарот во дискотеката.
Телевизија Кочани објави неколку снимки на кои може да се види редица луѓе кои чекаат да запалат свеќа за жртвите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“. Загинаа 59 луѓе, додека 155 луѓе се хоспитализирани. По кратка блокада на Кочанската болница роднините на загинатите решија да се повлечат и да дозволат телата на нивните деца да бидат однесени на обдукција
Слично
