(ВИДЕО) Чедомир Јовановиќ: EУ ќе го реши проблемот со Македонија така што таа нема да постои
Според српскиот политичар Чедомир Јовановиќ, Македонија нема да постои.
Тој во поткастот „Буре барут“ зборува за политиките на Европската Унија(ЕУ) кон Балканот. Тој изјави дека ЕУ планира дека го реши проблемот со Македонија така што таа нема да постои.
„Ќе го решиме проблемот со Македонија така што нема да постои и тоа се случува веќе три години. Го нема повеќе Заев бидејќи е измамен. Измамен е од ЕУ. Тие му рекоа договори се со Ципрас, реши ги прашањата меѓу Македонија и Грција конечно и тоа тој го направи. Тоа е многу тешка тема во Македонија за тој народ. Ние им ја оспоруваме верата, Албанците територијата, Грците идентитетот, Бугарите сè – и јазикот и сè друго“, рече тој.
Вели дека се бара Македонија да биде држава на бугарскиот народ.
фото принтскрин
