Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Цени до плафон, хотелите ќе тријат раце од навивачите за Супер купот во Скопје

Видео: Цени до плафон, хотелите ќе тријат раце од навивачите за Супер купот во Скопје

Хотелиерите имаат големи причини за задоволство бидејќи нивните сместувачки капацитети се речиси целосно резервирани и за време на одигрувањето на Супер купот на УЕФА на 8 август во Скопје не може да се најде празна соба или кревет. Ако вообичаените цени за хотелско сместување во Скопје изнесуваа околу 100 евра, за една вечер во периодот кога се игра финалето меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед странските гости ќе треба да платат од 200 евра, па се до астрономски суми од 2000 евра од човек за една ноќ. 

Доколку го разгледате светски реномираниот сајт booking.com преку кој странците може да вршат резервации ќе забележите дека повеќето од хотелите се целосно распродадени, а остануваат на повеќе места по една или две соби. Токму огромната побарувачка за сместување доведува и до астрономското кревање на цените.

- Нашите капацитети се целосно исполните, имаме уште една соба која најверојатно брзо ќе биде резервирана. За цените навистина е дека се многу високи, но ги креира самата побарувачка. Исто така ги следиме и цените на конкурентите на хотелите од наш калибар, вели Ивана Божинова од хотелот Долче. 

Божинова исто така дополнува дека за навивачите кои ќе пристигнат во Скопје нивниот хотел ќе им подготви специјално изненадување и топло добредојде со цел и да се оправдаат екстремно високите цени.

Од хотелот Опера хаус кој исто така беше еден од хотелите кои ги контактиравме велат дека сосема разбирливо е цените да пораснат до вакви граници во период кога има огромен интерес и очекуваат се да биде исполнето до последно место.

Верните фудбалски навивачи од Шпанија и Англија секако нема да ги сопре ништо за да ги следат своите омилени Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје, па дури ни да платат огромни суми за една вечер. Исто така очекуваме сите трговци и угостители да се обидат да заработат од Супер купот во Скопје па можни се и нови „специјални“ цени. 

Што мислите вие за овој потег на хотелиерите, дали цените се претерано дигнати до плафон, дали тоа ќе остави лоша слика за Скопје како домаќин на Супер купот или е вообичаена пракса кога има многу важни интернационални настани?

Автор: Христијан Станоевиќ


Слично

Поврзани вести