Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бутарис нашата земја ја нарече Македонија?

(ВИДЕО) Бутарис нашата земја ја нарече Македонија?

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, денеска додека даваше изјава по средбата со премиерот Зоран Заев, ја нарече нашата земја  Македонија.

„Се надевам и ќе го предложам тоа, следната средба на двајцата премиери, на Грција и на Македонија, да се случи во Солун“ – рече  Бутарис.

Делот од изјавата погледнете го од видеото (подесено да започне на 8:30 од видеото). 

Инаку Бутарис во 2013 година беше критикуван во Грција затоа што кажал дека во нашата земја се зборува македонски. 

Истата година градоначалникот  во Скопје одржа прес-конференција пред банер на кој пишуваше „Стопанската комора на Македонија“. Од Златна зора поради ова го нарекоа предавник. 


Слично

Поврзани вести