Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бујар Османи покажа што сработи „Еуровиа“ за 1,8 милиони евра

(ВИДЕО) Бујар Османи покажа што сработи „Еуровиа“ за 1,8 милиони евра

Министерот за надворешни работи ги отвори вратите на СРЦ „Борис Трајковски“ пред министерската конференција на ОБСЕ, која Македонија како земја-претседавач ја организира во Скопје.

Градежната фирма „Еуровиа“ го доби тендерот на Министерството за надворешни работи (МНР) од 1,8 милиони евра за реконструкција на салата „Борис Трајковски“. Според документацијата, предмет на тендерот е „Набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во функција на одржување на Конференцијата на Министерскиот совет во рамки на претседавањето на Република Северна Mакедонија со ОБСЕ, во декември 2023 година“.

Фирмата од тетовско Желино, чиј извршен директор е Елмедин Адеми – роднина на поранешниот министер од редовите на ДУИ, Абдилаќим Адеми, е избрана меѓу четирите компании што се пријавиле на тендерот. „Еуровиа“ ја доби јавната набавка од 1,8 милиони евра за адаптација на салата „Борис Трајковски“ за претстојната конференција на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје во декември годинава.

Османи како шеф на ОБСЕ во „10 минути“ ги презентираше реновираните простори на спортската сала „Борис Трајковски“. Тој рече дека нема друг избор, бидејќи условите ги дефинира самата организација.

„Сè е небитно пред ниската цена“, рече Османи и искоментира дека „Еуровиа“ ја дала најповолната понуда, поради што ќе бил прекршен законот доколку не била прифатена.


Слично

Поврзани вести