Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бугарски пратеник вели дека во Македонија има криза на идентитет

(ВИДЕО) Бугарски пратеник вели дека во Македонија има криза на идентитет

Во интервју за БГНЕС, Тома Биков, пратеник од ГЕРБ изјави дека Македонија во моментов е во процес на преминување од една во друга цивилизациска зона, од еден во друг геополитички простор. 

Вели дека овој тип на процес секогаш се поврзува со различни кризи, вклучително и со криза на идентитетот. 

„Во новата геополитичка реалност, антибугарската теза во Северна Македонија ќе стане маргинална, како и луѓето што ја исповедаат. Антибугарската теза во Северна Македонија е антиевропска и тоа се појасно ќе го гледа Европската Унија. Големиот геополитички интерес на Софија е да биде на ист простор со македонското општество кое ни е најблиску“, рече тој. 

Според него, луѓето во земјава има луѓе кои сакаат Македонија да ја држат во постјугословенското време, и да може да прават  црни бизниси. Тој вели дека нивната земја не е идеална, не е најдобра во ЕУ, но има разлика од она што се случува во Македонија. 

фото БГНЕС


Слично

Поврзани вести