Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бугарски писател вели дека Бугарите направиле гревови и треба да се извинат на Македонците

(ВИДЕО) Бугарски писател вели дека Бугарите направиле гревови и треба да се извинат на Македонците

Писателот Стефан Цанев минатата недела изјави дека тие имаат големи гревови кон соседната земја и дека е оправдата омразата на Македонците кон Бугарија.

Тој во интервју за бугарската телевизија БНТ, изјави дека темата е многу болна. 

„Но има една максима: „При проблем меѓу двајца, ако отстапи послабиот, тоа е пораз. Ако отстапи посилниот, тоа е благородно“. Во Македонија има основа за омраза кон Бугарија“, рече Цанев.

Рече дека најлошо е тоа што го правеле во 1943 година кога ја претставувале фашистичката власт на Германија.

„Тоа дека ние не сме учестувале во Втората светска војна со војска не е точно. Ние учестувавме во окупацијата на Балканскот полуостров со армија од 200.000 луѓе, а со 50.000 војници во Македонија“,  истакна Цанев.

Тој кажа дека имало многу убиени и дека тоа е болно, а затоа треба да се извинат. Инаку, новинарот кажа дека Бугарија го тргнало ветото, но македонската страна станала поагресивна. 


Слично

Поврзани вести