Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бугарски историчар: Mакедонската нација и јазик постојат и ние немаме право да кажуваме дека тоа не е така

(ВИДЕО) Бугарски историчар: Mакедонската нација и јазик постојат и ние немаме право да кажуваме дека тоа не е така

Бугарскиот професор по историја Димитар Атанасов во настап на емисијата „Добро утро, Европа“ на Еуроњуз Бугарија изјави дека Бугарите во Македонија немаат потреба да бидат внесени во Уставот на Република Северна Македонија, туку само неколку десетици активисти кои се длабоко поврзани со еден партиски штаб што се наоѓа на улицата „Пиротска“. Тој мислеше на партијата ВМР)-БНД на Красимир Каракачанов, која има штаб на таа адреса во бугарската престолнина Софија.

„Прво, сакам да прашам кој има полза од впишување на Бугарите во Уставот на РС Македонија? Бугарите во Бугарија, Бугарите во Северна Македонија, или некои други?“, рече Атанасов.

Вели дека на Бугарите во Република Северна Македонија (РСМ) им е потребна еднаквост пред законите. Тој истакна дека премиерот на РСМ Димитар Ковачевски се оградил од отворањето на клубот во Благоевград кој го носи името на поетот Никола Вапцаров. На прашање дека во Благоевград беа и официјални претставници на РС Македонија, како претставник на кабинетото на претседателот Стево Пендаровски, Атанасов укажа дека и премиерот Кирил Петков беше на отворање на клубот „Иван Михајлов“ во Битола. 

Атанасов вели дека треба да се прави разлика помеѓу историчари и историчари.

„Некои од тие луѓе и до ден денешен тврдат дека Македонија е Бугарска, пројавуваат неуважување кон современиот македонски идентитет, кон фактот дека македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик постојат и ние немаме право да кажуваме дека тоа не е така. Како што јас немам право да ви речам дека треба да се нарекувате поинаку од она како што се нарекувате, така и вие немате право да тврдите дека јас не сум Димитар, туку дека сум Петар на пример. Јас сум Димитар и точка по прашањето. Македонците се Македонци и не е убаво ние да тврдиме дека тие се нешто друго. Треба да прекинеме со тоа“, рече Атанасов.

Кажа дека францускиот предлог е лош за двете двете држави, но ЕУ мораше да го даде за „балканските варвари да не си направат нешто полошо“.

Историчарот вели дека евроинтеграцискиот процес на Македонија ќе биде долг и во негови рамки Бугарија би можела да постави некои услови за Македонија.  За него, отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ кое се случи пред два дена секако е провокација, но вели дека и Бугарија не е невина, и веќе го практикувала истото. 

Инаку, отворањето на клубот помина во тензична атмосфера, а приврзаници на европратеникот Ангел Џамабаски протестираа. Тој упати порака дека Македонија е бугарска. 


Целото интервју со Димитар Атанасов на бугарски може да го погледнете на следниот линк.

Слично

Поврзани вести