(ВИДЕО) Британскиот амбасадор се обрати на македонски и повика да го негуваме јазикот
Британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека положил македонски јазик и повика да го негуваме јазикот.
Вели дека добил сертификат за ниво Ц1, и тоа на неполни три месеци од добивањето на неговата нова функција како амбасадор на Велика Британија во Македонија.
„Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик. Негувајте го вашиот јазик и вашата култура“, рече Лосон.
Тој приложи и доказ дека навистина положил македонски јазик.
Видеото можете да го видите овде.Премиерот Димитар Ковачевски вели дека по примерот на Конески, со дела се грижат за јазикот. И претходните години, повеќе странски амбасадори во земјава говореа на македонски и објаснуваа зошто им се допаѓа јазикот кога се одбележуваа важни датуми.
Слично
