(ВИДЕО) Брисел може да посредува во спорот меѓу Македонија и Бугарија, тврди Ковачев
Можно е Брисел да се вклучи во надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Оваа опција ја спомена бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев. Тој не ја исклучува можност за директно посредништво на Брисел во надминување на спорот меѓу Скопје и Софија. Во гостување на бугарската ТВ Европа, Ковачев немаше одговор дали во Европа има некој што може да ја разбере актуелната бугарска позиција. Ковачев кажа дека први ја признале Македонија, помогнале за време на воениот конфликт во 2001 година, дале поддршка за влез на Македонија во НАТО. „Ние како држава се однесувавме со многу љубов“, рече Ковачев. Вели дека на тоа им било вратено со ароганција. Нагласи дека односот на Бугарите бил поинаков од оној кој го имале Грците кон Македонија. Ковачев вели дека никој во 21 век нема прензии кон тоа кој како се самопределува или каков јазик зборува. „Колку и да е братски тој договор, тој треба да се исполнува“, изјави Ковачев. Вели дека и македонската опозиција имала многу негативен став кон Бугарија. Ковачев рече дека не сакаат ништо повеќе од вистината, и дека децата не треба да учат дека биле асимилатори или окупатори. Водителот инсистира Ковачев да одговори дали има држава која ќе признае и ќе рече дека Бугарија не била окупатор.
