Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бошњаковски тврди дека искуството на Еленовски било пресудно за негово именување во НАТО

(ВИДЕО) Бошњаковски тврди дека искуството на Еленовски било пресудно за негово именување во НАТО

Владата на вчерашна седница отповикала на неколку конзули. Отповикани се Џејсон Мико, Ричард Голдман, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо и Пуршотам Карамангала Џајарам.

Во рамките на точките за кадровски измени, Лазар Еленовски е именуван  за  специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел.


„Сметаме дека Еленовски, врз основа на искуството што го поседува, ќе придонесе во интегративниот процес на РМ во НАТО“, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Бошњаковски додаде дека Владата ги отповика овие почесни конзули поради исклучителна неактивност.

Почесен конзул е функција за која лицата не добиваат никаков надомест од државата која ја престатвуваат.


Слично

Поврзани вести