Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БОРИСОВ ГО МАЧАТ ДВЕ ПРАШАЊА: Бучковски понуди нон-пејпер

(ВИДЕО) БОРИСОВ ГО МАЧАТ ДВЕ ПРАШАЊА: Бучковски понуди нон-пејпер

Maкедонија нуди нон-пејпер на Бугарија со цел да се надмине спорот и да се отстрани блокадата. 

Специјалниот преставник на Владата, Владо Бучковски во разговорот со бугарскиот премиер, Бојко Борисов кој е јавно објавен, кажува дека носи нон-пејпер како гаранции дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија и нема да се меша во прашањето за малцинствата.

Борисов  вели дека Северна Македонија како суверена држава може да решава на каков јазик ќе говори. Тој му посочува на Бучковски кои две теми ги загрижуваат нив во Бугарија – суверенитетот на Бугарија и прашањето за малцинствата – и му порачува тоа да им го пренесе на властите во Скопје.

Тој беше категоричен во тоа дека Бугарија досега вложи максимални напори да земјите од Западен Балкан да влезат во НАТО и да се доближат до ЕУ. Дводневната посета на Бучковски завршува со средба со бугарскиот претседател Румен Раден, а започна со шефицата на дипломатијата, Екатерина Захариева. Захариева вчера негираше дека има вето врз македонските преговори, за неа тоа е само неодобрување на преговарачката рамка. 


Слично

Поврзани вести