Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Раскажа како се спасил

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ:  Раскажа како се спасил

Борче Јованчевски е еден од оние кои успеале да се спасат од пожарот во Кочани кој се случи на 16 март. Тој раскажа што се случило таа ноќ. 

Го пренесе своето сведоштво во видео снимено во просториите каде се работи на supportkocani.com, платформата која ја направија група млади луѓе за директни донации на семејствата на настраданите и повредените.

„Јас ја држев сопругата за рака и наеднаш од јаглеродниот моноксид се онесвестив, но Бог ми даде некоја сила, не знам како да опишам. Се разбудив, видов дека не ја држам веќе за рака. Пробав да излезам, но никако не успеав, бевме заглавени. Бог ми даде сила, се искачив, почнав да гребам и паднав долу пред скалите“, раскажува Јованчевски. 

Во пожарот загинаа 59 луѓе. 


Слично

Поврзани вести