(ВИДЕО) Бојкотирачи ги снимија луѓето кои гласаа во Мелбурн и ги нарекоа „предавници“
Луѓето кои ќе го бојкотираат референдумот денеска ги снимаат и ги навредуваат граѓаните кои гласаат во дијаспората.
Снимки се објавени на Фејсбук страницата „Предавници“, и станува збор за гласањето во Мелбурн, Австралија. Бојкотирачите ги објавуваат со име и презиме тие што гласале и ги прогласуваат за предавници.
„МВР ќе преземе сѐ што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја“- стои во соопштението од МВР.
Полицијата апелира до сите утре да се воздржат од „какви било нарушувања на јавниот ред и мир и какво било нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.
Слично
