(ВИДЕО) BMW направи хаос под плоштадот Скендербег во Скопје
Возач на BMW со голема брзина удрил во метален столб синоќа минувајќи под плоштадот Скендербер во Скопје и го сопрел сообраќајот на ова прометно место, додека сообраќајната полиција вршела увид. Засега не е познато дали сопственикот бил во алкохолизирана состојба.
Од видеото може да се види дека низ улицата има остатоци од автомобилот и траги на самиот асфалт.
Поради ова дел од сообраќајот се пренасочувал и не било можно да се мине под старата стоковна куќа „Мост“.
Видеото го објави ТВ21.
Слично
