(ВИДЕО) Битола ли е, или амазонска прашума
Огромни штети беа предизвикани од невремето со обилен дожд што попладнето ја погоди Битола, а едно видео споделено на социјалните мрежи особено го привлече вниманието.
Првично пријавени се штети од удар од гром на улицата „Караорман“ број 104 в, поплавени се визбени простории на улицата „Ѓорче Петров“, на броевите 21 и 39, поплавени куќи на улица „Дебарска“ бр 99, „Струшка“ бр. 33, „Димитар Мите Богоевски“ бр.6, одрон на патниот правец А3 кај тунелот, како и паднати дрвја на патниот правец Беранци – Вашерејца.
Јавните претпријатија во моментов работат на отстранување на штетите предизвикани од обилните врнежи од дожд.
Слично
