Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БИТКАТА СО ПОЖАРИТЕ ПРОДОЛЖУВА: Пази, повлечи се, извикува Ангелов до луѓето кои го гаснат огнот

(ВИДЕО) БИТКАТА СО ПОЖАРИТЕ ПРОДОЛЖУВА: Пази, повлечи се, извикува Ангелов до луѓето кои го гаснат огнот

Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер.

Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.

Пожарот над селото Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на селото Радуша е активен и се движи кон општина Јегуновце.

На видеото од Дирекцијата за заштита и спасување се слуша како директорот Стојнче Ангелов вика по оние кои го гаснат огнот да внимаваат и да се повлечат. 


Слично

Поврзани вести